Чешкиот тандем Барбора Крејчикова и Катерина Синиакова се закити со златните медали на Олимписките игри во Токио откако во финалето на женскиот тениски турнир во двојки беше подобар од швајцарските тенисерки Белинда Бенчиќ и Викторија Голубиќ. Бенчиќ која го освои златото во сингл, не успеа да обезбеди уште еден златен медал во двојки. Таа со нејзината колешка се задоволија со среброто.
Инаку Крејчикова и Синиакова славеа со 2:0 во сетови (7:5 и 6:1).