Шведска и го нанесе првиот пораз на Данска

75

Скандинавското дерби во последното коло од групната фаза на мачкиот ракометен турнир на ЛОИ во Токио и припадна на селекцијата на Шведска, која во еден фантастичен меч успеа да ја запре досега непобедената Данска и со 33:30 да и го нанесе првиот пораз на Олимпијадата.

Со денешниот триумф Шведска не успеа да ја симне Данска од врвот во групата „Б“, каде со ист ефект од 8 освоени бода се и Египет и Шведска. Поради подобрата гол-разлика Данците останаа први, пред Египет и Шведска.

Сандел и Карлсбогард со по 6 гола беа најефикасни кај Шведска, додека Хансен постигна исто толку голови за Данска.

ПретходноАко Грилиш дојде во Сити, Бернардо Силва си заминува
СледноВасилев избра 12 кошаркари за У-18 ФИБА турнирот во Скопје