Екипата на Јувентус е победник на традиционалниот куп Луиџи Перлускони, кој годинава наместо на Сан Сиро, домот на Милан, како што е тоа вообичаено, се одржа во Монца на стадионот на истоимениот клуб.
Јувентус во финалето го совлада токму домаќинот Монца, со конечни 2:1, со головите на Ранокија и Кулушевски. Да домаќинот погоди, Марко Ди Алесандро. На овој меч не настапија Кристијано Роналдо и Пауло Дибала, а дел од играчите се сеуште на одмор, односно добија повеќе денови поради настап на ЕУРО.