Адвокат по деветти пат ќе работи како селектор на репрезентација

457

Славниот холандски тренер Дик Адвокат по деветти пат во кариерата ќе работи како селектор на некоја фудбалска репрезентација. Адвокат е нов селектор на репрезентацијата на Ирак. Откако го напушти Феенорд на крајот на минатата сезона се очекуваше дека 73-годишниот тренер ќе оди во пензија, меѓутоа место тоа прифати нов предизвик. Се договори со челниците на ФФ на Ирак и ќе се обиде да ја однесе репрезентацијата на оваа земја до СП 2022.

Адвокат е искусен тренер, три пати во различни периоди беше селектор на Холандија, беше селектор на Обединетите Арапски Емирати, на Јужна Кореја, на Белгија, Русија и Србија.

Ирак е во групата А од 3.рунда на квалификациите за СП 2022 заедно со Иран, ОАЕ, Јужна Кореја, Либан и Сирија.

ПретходноФилип Михов е шаховски шампион на Македонија!
СледноКинез ги шокираше фаворитите на 100 метри, Бромел остана без финале, падна и Европски рекорд! (видео)