Естебан Окон е сензационалниот победник на „Хунгароринг“!

289

Естебан Окон со својот болид “Алпина“, е победникот на ГН на Унгарија, трка во Формула 1 која се одржа попладнево. Ова е прва победа на Французинот во неговата кариера. Се разбира дека имаше голема еуфорија кај него и неговиот тим. Тој ги искористи сите работи кои му ги овозможи оваа супер интересна трка која долго ќе се раскажува.

Себастијан Фетел заврши како втор, а Луис Хамилтон пак беше трет. Макс Верстапен ја заврши трката како десетти.

Сепак треба да се каже дека Холанѓанецот уште во првиот круг, по грешката на Ботас и судирот со Норис, беше исфрлен од трката. Сепак тој се врати и дојде барем до еден бод.

Инаку голем губитник е Хамилтон, кој направи грешка по повторениот старт, по инцидентот во првиот круг кога трката беше прекината. На тој втор старт само тој беше на стартната линија, сите останати беа во боксот да ги променат гумите. Хамилтон тоа го направи дури во следниот круг и со тоа загуби драгоцено време.

Сепак утеха за него е тоа што сега е првопласиран во генералниот пласман во годинашната сезона.

 

ФОТО: Esteban Ocon twitter

ПретходноВаран утре пристигнува во Манчестер, но прво ќе мора да оди во карантин
СледноШевченко не е повеќе селектор на Украина!