Македонија веќе има еден медал, сребрен од Токио, оној на Дејан Георгиевски во таеквондо. Но Македонија има уште еден голем адут за нов медал, а тоа е борачот Могамедгаџи Нуров, кој ќе се бори во категоријата до 97 кг слободен стил. Нуров веќе е во Токио, тој денеска се “чекираше“ и во една мирна и релаксирана атмосфера го чека 6 август, кога и ќе го започне походот по медал.
Да потсетиме дека првата борба ќе ја има против Александар Хуштин од Белорусија.