Гранит Џака многу веројатно нема да биде дел од Рома. Играчот од средниот ред на Арсенал и „волчицата“ не се договориле, па така Џака веројатно ќе остане на „Емирати“.
Дека трансферот е веќе пропаднат, покажува фактот дека Рома веќе испратила понуда до играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Томас Делејни.
Делејни може да си замине за сума од 15 милиони евра, цифта која што е подготвен Мурињо да ја плати за да дојде до данскиот фудбалер.