По одигрувањето на комплетните дуели од групната фаза на машкиот ракометен турнир на ЛОИ во Токио, познати се и четврфиналните двојки. На 3 август во вторник ќе се одиграат комплетните четврфинални дуели, кои ќе ги дадат четирите селекции кои ќе се борат за медалите.
Франција во битка за полуфиналето ја доби селекцијата на Бахреин, Шведска ќе се сретне со Шпанија, додека Германците кои со победата над Бразил денеска се изборија за место во групата од осум најдобри, во четврфиналето ќе се сретнат со Египет.
Во последното честврфинале ќе играат скандинавските лути ривали, Данска и Норвешка.
РАКОМЕТ, ЧЕТВРТФИНАЛЕ (М)
3. АВГУСТ (вторник)
Франција – Бахреин
Германија – Египет
Шведска – Шпанија
Данска – Норвешка