Успешна “генералка“ и за Тиквеш. Имено денеска во Кавадарци, на Градскиот стадион, фудбалерите на Тиквеш со 2:0 го победи второлигашот Детонит. Стрелци на головите беа Ивановски и Мишов.
Ова беше последна контролна средба за кавадарчани пред стартот на сезоната во ПМФЛ.
Да потсетиме дека тие во првото коло како домаќини ја пречекуваат Шкендија.