Македонсиот кошаркарски прволигаш од Кавадарци, тимот на Еуро Никел, следната сезона ќе биде посилен за американскиот интернационалец, Џордан Калахен.
Тој изминатата сезона беше дел од екипата на Пелистер, а сега се сели во Кавадарци.
Се работи за плејмејкер кој ќе го засили уште повеќе минатогодишниот финалист во плеј офот од домашниот шампионат уште повеќе на оваа позиција.