26-годишната Американка Валери Алман е новата олимписка шампионка во фрлање диск. Во своето прво учество на Олимпијадите, Олман успеа со извонредно фрлање уште во првата сесија да дојде до резултат за златен медал.
Олман префрли 68.98 метри и со тоа покажа дека е најдобро подготвена од сите финалистки во Токио. Двојната носителка на златото од ЛОИ во Лондон 2012 и Рио 2016 година, Хрватката Сандра Перковиќ, на крајот остана без медал, откако нејзино најдобро фрлање беше она од третата серија од 65.01 метар, кое на крајот и донесе пласман само на 4. место.
Среброто го освои кристин Пуденц од Германија (66.86), додека бронзата и припадна на Кубанката Јаиме Перез (65.72).