Порака или нешто друго: Кејн не се појави на првиот тренинг во Тотенхем!

190

Хари Кејн утрово не се појави во тренинг центарот на клубот во Лондон со што многумина сметаат дека испрати порака за негово заминување од клубот.

Капитенот на Англија требаше да му се приклучи на тимот денеска, по кратка пауза. Тој денеска требаше да биде тестиран за Ковид-19, а тренинзите да ги започне утре. Засега нема објаснување од Тотенхем зошто 28-годишниот голгетер не се појави во клупската база.

Медиумите од поодамна споменуваат дека Кејн инсистира на трансфер, најверојатно во шампионот Манчестер Сити.

ПретходноАфриканскиот Нејмар со трансфер во Милан (ВИДЕО)
СледноХоландија ја „реши“ Црна Гора, Русинките ги испратија Шпанките дома