Убиен поранешен фудбалер на Ајакс, другар на Рајан Бабел

577

Поранешниот фудбалер на Ајакс Херге Хуфрад го загуби жовотот на 35 години како последица на ранување во глава откако пробал да раздели гости на една забава, пренесува холандски Телеграф.

Хуфрад бил пренесен во болница во Амстердам каде бил опериран во неделата, но денеска починал. Од полуцијата го идентификувале осомничениот, но се уште не е уапсен.

Хуфрад ја почнал кариерата во младинската школа на Ајакс (од 1994 до 2004 година), а потоа играл за РКЦ Валвијк, Алмере и Телстар. Потоа направил двегодишна пауза, па решил да се врати со настап за аматерскиот Де Фолвијкерс од Амстердам.

На социјалните мрежи со порака на жалост се огласи Рајан Бабел кој му бил другар уште од младинските тимови на Ајакс.

ПретходноКадино минимално поразен на гостувањето во Австрија
СледноВардар потврди: Барањето на ЕХФ е исполнето, потврдено е учеството во ЛШ