Холандија ја „реши“ Црна Гора, Русинките ги испратија Шпанките дома

82

Ракометарките на Црна Гора загубија од Холандија со 30:29, во меч во кој можеа да бидат и тотално декласирани, ако се знае дека во еден дел од мечот „лалињата“ имаа предност и од 9 гола. Со оглед на тоа што се очекува само последниот дуел меѓу Јапонија и Норвешка, Црна Гора, најверојатно во четвртфиналето за противник ќе ја има Русија.

Јованка Радичевиќ беше најефикасна со осум гола (четири од седум метри), Татјана Брновиќ и Јауковиќ постигнаа по пет за селекцијата на Црна Гора. Во составот на Холанѓанките, Ван Хајден со 5 и Бонт со 4 гола беа предводнички до новата победа.

Претходно во втората група, Русија ја победи Шпанија во клучниот меч за Шпанките со 34:31 и со тоа ги испрати дома. Шпанија заедно со Бразил остана без четвртфинале.

ПретходноПорака или нешто друго: Кејн не се појави на првиот тренинг во Тотенхем!
СледноЗлатото на 3000 метри стиплчез за Мароканецот Ел Бакали