Поранешниот тренер на Вардар 1961, Стевче Алушовски стана нов тренер на исландскиот ракометен клуб Тор од Акирејри.
Алушовски го напушти кормилото на Вардар 1961, а на неговото место седна Веселин Вујовиќ па беше во потрага по нов ангажман. Го најде во Скандинавија, а неговиот нов клуб Тор минатата сезона испадна од најсилната исландска лига што значи дека ќе се натпреварува во второлигашка конкуренција.
„Тргнуваме од почеток. Со Стевче на кормилото. Тор е сериозен клуб ќе се врати во најсилната конкуренција. Ова е вистинско време за ресет. Имаме млади и перспективни ракометари кои заедно со поискусните ќе направиме добри резултати“, изјавија од клубот.