Денеска во Нион ждрепката сакаше да ги “спои“ Ц. Звезда и Динамо Загреб во плејофот во Лигата на Шампионите. Е, тоа, навистина ќе биде дерби на деценијата на Балканот. Ваков меч се чекаше со децении. Гигантите од екс – СФРЈ, клубовите кои во последно време важат за најдобри на овие простори и тоа како ќе имаат мотив да покажат кој е најдобар.
Се разбира дека се е во контекст на она што се случуваше на “Максимир“ пред 31 година кога тој натпревар меѓу Динамо и Ц. Звезда не се ни одигра. Некои велат дека тоа беше почетокот на распадот на поранешната заедничка држава.
Јасно е дека Белград и Загреб ќе “горат“.
Сепак, и двете екипи треба да го минат 3.квалификациско коло за да се одигра овој двомеч. Српскиот шампион треба да го мине Шериф од Молдавија, додека Хрватскиот гигант треба да ја помине пречката наречена Легја Варшава.
Ако во плејофот се сретна Ц. Звезда и Динамо, тогаш првиот меч на “Маракана“ ќе се игра на 17/18 а август, а реваншот во Загреб на “Максимир“ 24/25 август.