Бензема се договорил со Реал, останува до 2023 година

202

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема ќе го продолжи договорот со мадридскиот клуб. Според весникот „Ас“, новиот договор меѓу францускиот фудбалер и шпанскиот клуб ќе биде продолжен до 30 јуни 2023 година.

Бензема ќе има можност да го напушти Реал Мадрид пред истекот на договорот, доколку смета дека повеќе не одговара на нивото на тимот. Актуелниот договор на Бензема со Реал Мадрид е со важност до 2022 година.

ПретходноПрвото трансродово лице на ЛОИ во Токио остана без медал
СледноМамиќ: Не ја сакав Ц. Звезда за ривал, сега ќе мора да ја победам!