Борусија Д. тргнува по стопер: Демирал прва опција, има и план „Б“

165

Борусија Дортмунд има потреба од стопер, а веќе се познати и имињата кои „милионерите“ ќе се обидат да ги ангажираат.

Прв пик е стоперот на Јувентус Мерих Демирал. Турчинот би бил идеален за тимот од Дортмунд, а и тој побарал од раководството да замине, со оглед дека е секогаш во сенка на Кјелини и Бонучи. За Демирал Дортмунд би одвоил нешто помалку од 30 милиони евра.

Втора опција е стоперот на Фенербахче, Атила Салаи. Салаи е унгарски репрезентативец, а го сврте вниманието со одличните настапи на ЕУРО 2020. Тој би требало да е нешто поевтин од Демирал, меѓутоа Турчинот останува во прв план за „жолто-црните“.

ПретходноАлтипармаковски ќе биде новиот напаѓач на Брегалница
СледноБелград и Загреб ќе “горат“: Можен двомеч меѓу Ц. Звезда и Динамо во плејофот во ЛШ!