Искусниот бек Џорџо Киелини стави потпис на нов договор со Јувентус до 30 јуни 2023 година. Капитенот иако од 30 јуни беше слободен фудбалер, сепак, во ниту еден момент не размислуваше каде би продолжил. Ја прифати понудата на Јувентус и ќе продолжи во клубот во кој настапува веќе 19 години.
„Иако ова беше само формалност, сепак, сум многу среќен што потпишав нов договор и останувам во Јувентус. Овде пораснав, овде созреав како личност и се надевам дека ќе продолжам со успех да го носам дресот на овој клуб. Очекувам титули во наредните сезони“, изјави Киелини.