Киелини и Јувентус си подадоа рака: Нов двегодишен договор за ветеранот

115

„Скај Спорт Италија“ денеска објави дека Џорџо Киелини постигнал договор за нов двегодишен договор со Јувентус.

Обновувањето на договорот на капитенот на „бјанконерите“ беше очекувано, само остана нејасно дали новиот „дил“ ќе биде на една или две години.

Киелини, кој и помогна на Италија да го подигне европскиот шампионски пехар ова лето, продолжува со „Старата дама“ и во следниот период, а на тренинзи се враќа веќе утре.

„Скај“ денеска објави дека тој си подал рака со управата на тимот за нов двегодишен договор кој треба да биде потврден најдоцна утре.

ПретходноСветскиот рекордер и „златен“ од Рио не успеа да влезе во финалето на 400 метри
СледноПерковиќ го предаде тронот: Олман е новата олимписка шампионка во фрлање диск