МЗТ Скопје промовира уште две засилувања: Нови Американци во „Јане Сандански“

233

Управата на МЗТ Скопје Аеродром денеска престави уште две нови американски засилувања. Неколку часа по објавата на трансферот на центарот Рикиќ, „штрковите“ потврдија дека се засилуваат и со двајца Американци, Дастин Ваер (31 год, 183 см) и Хуан Дејвис (24 год, 203 см).

Ваер игра на позицијата плејмејкер и зад себе има големо европски искуство, кое му почна пред десетина години во дресот на Цибона, а потоа настапувал за екипи како германски Улм, Јашеберени, ЗТЕ (Унгарија), Виши, Булазак (Франција), Лукоил Академик, Колосос и полски Шчекин каде што ги мина последните две сезони. Дејвис е крилен центар кој доаѓа од холандски Феенорд, а има играно и за финските екипи Нокиа и Каухајон, со кој беше дел од Лигата на шампионите на ФИБА.

Од шампионот потврдија дека Кристијан Николов, трета сезона по ред ќе го носи сино-белиот дрес откако го продолжи договорот со клубот.

ПретходноПокетино за трансфер на Погба во ПСЖ: Погледнете колку играчи имам, дали ми требаат уште?
СледноЦрна Гора против Русија, Франција со Холандија во четвртфиналето кај ракометарките