Македонија ќе има претставник во елиминационата фаза од ракометниот Олимписки турнир во Токио.
Судиската двојка Ѓорги Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата на мечот од четвртфиналната фаза во која ќе се сретнат Германија и Египет.
Ова ќе биде сериозен предизвик за нашите арбитри со оглед на амбициите на двете силни селекции да стигнат до самиот крај и олимписки медал.