ОИ Токио: Грчко злато во скок во далечина, Камачо-Квин од Порторико најдобра на 100 метри со пречки

257

Грчкиот атлетичар Митиадис Тентоглу, го осволи златниот медал во скок во далечина на Летните олимписки игри во Токио. Тој во последната серија успеа да скокне 8,41 метар и го совлада Кубанецот Мигуел Ечеверија, додека третото место заврши Мајкел Масо исто така од Куба.

Јасмин Камачо-Квин го освои златото на 100 метри со пречки. Порториканката до златниот медал стигна со време од 12.37 секунди, што беше за 11 стотинки послабо од олимпискиот рекорд во полуфиналето. Второто место и среброто заврши на градите Кендра Херисон од САД, а Меган Тајпер освои бронза.

 

ПретходноШок за Германецот: Фетел дисквалификуван од ГН на Унгарија!
СледноСАД со трофејот од Голд купот (ВИДЕО)