Покетино за трансфер на Погба во ПСЖ: Погледнете колку играчи имам, дали ми требаат уште?

530

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, не одговори на прашањето дали парискиот клуб ќе се обиде да го купи играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

За можниот трансфер на Французинот, Покетино беше прашан по поразот на неговиот тим во натпреварот од Суперкупот на Франција од Лил со 1:0.

„Погледнете го списокот на играчи кои останаа дома и не беа на овој натпревар. Имаме многу играчи. Половина од нашиот тим не играше денеска. Уште неколку играчи се и на одмор. Мислам дека одигравме добро. И не сакам да зборувам сега за фудбалери кои не играат за нашиот клуб“, изјавил Покетино.

ПретходноХамилтон има пост-ковид проблеми: Не можам да дишам, како вирусот се уште да е во мене!
СледноМЗТ Скопје промовира уште две засилувања: Нови Американци во „Јане Сандански“