Играчот на Македонија ЃП Самир Фазли, би можел да биде нов играч на Туран од Казахстан. Тимот од Туркистан е заинтересиран да го донесе напаѓачот кој има и интернационална кариера, а во последните две години настапуваше за Шкендија и за „лавовите“ од Ѓорче Петров.
Фазли играше и за Херенвен, Хелмонд Спорт, па беше во Рудеш, пред да се врати во Македонија.
Тој беше и поранешен репрезентативец на Македонија. За селекцијата има одиграно седум натпревари.