Светскиот рекордер и „златен“ од Рио не успеа да влезе во финалето на 400 метри

100

Светскиот рекордер на 400 метри, Вејд ван Никерк, не успеа ниту да се пласира во финалето на ова патека, по денешните полуфинални трки на Олимписките игри во Токио.

Човекот кој го повреди коленото во 2017 година додека играше рагби, очигледно не успеа да се врати во старата форма со која во Рио 2016-тата постави светски рекорд за златен медал. Денеска во трета квалификациска група, 29-годишниот Ван Никерк истрча време од 45,14 и на крајот остана само петти, што не му даде можност да го брани златото од Рио и на Игрите во Токио.

Најбрз во квалификациите беше Кирани Џејмс од Гренада, златниот од Лондон и сребрен од Рио, кој истрча време од 43,88 секунди.

ПретходноЗлатото на 3000 метри стиплчез за Мароканецот Ел Бакали
СледноКиелини и Јувентус си подадоа рака: Нов двегодишен договор за ветеранот