Црна Гора со лекција за кошаркарите во првата контрола

456

На пријателскиот натпревар во СЦ „Јане Сандански“ македонската кошаркарска репрезентација изгуби од Црна Гора со 59:81. Селекторот на македонскиот тим, Драган Бајиќ кој дебитираше на кормилото, одлучи да го одигра овој меч со многу играчки ротации, испроба многу кошаркари за да ја види нивната подготвеност.

Црногорците дојдоа во ослабен состав, но и ние немавме некои од првотимците како Дамјан и Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуровски.

Добро го отворивме овој контролен меч, поведовме со (12:6) за нецели пет минути од играта. Но Црногорците го свртија резултатот. Имаa своја серија (13:3) со која преминаа во водство (19:15), за првата четвртина да биде затворена со плус 6 за гостите (21:15).

Во продолжението на средбата во „Јане Сандански“, селекцијата на Црна Гора го одржуваше водството, имаа вишок и од девет поени (30:21). Но со шест реализации по ред, односно мини серија од (6-0), се доближивме на (27:30), кога се играше 16.минута. По тројката на Трајковски бевме уште поблиску, само два чекори зад противникот, (34:36).

Во продолжението на натпреварот, гостинската селекција обезбеди уште повисока предност. Во 25.минута имаа (53:41), за тој период од играта тоа водство го зголемија и на повисоки (57:43). Ја поправивме ефикасноста во последната четвртина, но не успеавме да го „симнеме“ високата разлика која ја креираше Црна Гора во третиот, се покажа и одлучувачки период од првата „контрола“ во Скопје.

Двете селекции ќе одиграат уште еден контролен натпревар. На 4. август, исто така во СЦ „Јане Сандански“, со почеток од 19.часот.

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА     59:81 (15-21; 19-17; 9-19; 16-24)

МАКЕДОНИЈА: Крстевски 7, Ефремовски -, Трајковски 8, Стајиќ 0, Николов 8, Марковски 0, Робев 2, Магдевски 4, Мекиќ 12, Какруки 2, Зекири-, Андоноски 8, Миловановиќ -, Вајли 8, Симиќ 0;

ЦРНА ГОРА: Дробњак 9, А. Поповиќ 4, Д. Николиќ 5, Радончиќ 10, Врбица 2, П. Ѓуришиќ 2, Тодоровиќ 6, Кљајиќ 0, Баровиќ -, З.Николиќ 8, Миковиќ -, П.Поповиќ 17, Н.Ѓуришиќ 4;

ПретходноАлушoвски стана тренер на исландски второлигаш
СледноСедло VS Бруно: Нова битка за титулата меѓу старите познаници!