Бруно Акраповиќ ќе биде новиот тренер на Шкендија. Ова име „Спортмедиа“ го најави уште пред неколку дена, и практично страгегот од БИХ по неколку години се враќа на клупата на тетовскиот тим.
Акраповиќ е веќе договорен, само се чека неговата официјална промоција која може да се случи уште во текот на денешниот ден.
Акраповиќ беше дел од Шкендија во сезоната 2015/2016, а потоа беше тренер во Сплит, Локомотив Пловдив и софиска ЦСКА. Тој ќе биде наследниот на Ернест Ѓока кој доби отказ по „фијаското“ во Европа каде што Шкендија прими девет, а не постигна ниту еден гол.
Акраповиќ ја водеше Шкендија на 33 меча, од кои оствари 22 победи, четири нерешени и седум порази. Го освои и трофејот од Купот на Македонија.