Марјан Алтипармаковски ќе биде новиот шпиц на тимот на Брегалница. Штипјани го договорија искусниот напаѓач, кој измината сезона настапуваше за тимот на Струга Трим Љум и беше еден од најдобрите стрелци во првата лига.
Некогашниот македонски младински репрезентативец покрај Даниел Мојсов, секако дека ќе биде најголемото засилуање за штипјани ова лето, иако во Брегалница пристигнаа неколку интернационалци од Хрватска, Србија и Бугарија.
Алтипармаковски веднаш ќе го преземе местото на прв напаѓач на тимот затоа што Андреј Кудијан доживеа пех и се повреди непосредно пред стартот на шампионатот.
За потсетување, вчера Брегалница ја одигра генералката на домашен терен победувајќи го Силске со 3:0.