Првото трансродово лице на ЛОИ во Токио остана без медал

243

Првото трансродово лице кое доби право на настап на ЛОИ во Токио, Новозеландската кревачка на тегови Лорел Хабард, не успеа да освои медал. Во финалето на натпреварувањето во категоријата над 87 килограми, Хабард во првиот обид не можеше да ја крене стартната тежина од 120 килограми.

На 21 јуни, Олимпискиот комитет на Нов Зеланд донесе одлука 43-годишниот Хабард да учествува на Игрите во Токио. Ова стана возможно откако Меѓународниот олимписки комитет (МОК) им дозволи на трансродовите лица да се натпреваруваат во женска категорија без операција за отстранување на тестисите, под услов нивото на тестостерон да биде под 10 наномоли, најмалку 12 месеци.

Хабард е првиот таков спортист кој направи операција за промена на полот пред 12 години. Пред тоа, исто така се занимаваше со кревање тегови.

ПретходноЦрна Гора против Русија, Франција со Холандија во четвртфиналето кај ракометарките
СледноБензема се договорил со Реал, останува до 2023 година