Хамилтон има пост-ковид проблеми: Не можам да дишам, како вирусот се уште да е во мене!

420

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон (36), вели дека се сомнева дека се уште се бори со коронавирусот. Иако помина една година откако беше заболен со Ковид-19, Британецот вели дека има проблем со белите дробови.

Седумкратниот светски шампион мораше да оди на лекарски прегледи веднаш по завршувањето на вчерашната трка за ГН во Унгарија, бидејќи му се слошило и добил вртоглавица за време на прогласувањето на најдобрите.

„Се борев со здравјето цела година“, вели Хамилтон. „По мојата инфекција со корона на крајот на минатата година, како се уште да се борам со вирусот. По вчерашна трка на Хунгароринг, побарав медицинска помош. Не разговарав со никого посебно за тоа, но мислам дека вирусот се задржал во мене“, вели еден од најдобрите Ф1 возачи низ историјата.

ПретходноМЗТ Скопје доби нов центар: Потпис со Рикиќ од Еуро Никел
СледноПокетино за трансфер на Погба во ПСЖ: Погледнете колку играчи имам, дали ми требаат уште?