Шок за Германецот: Фетел дисквалификуван од ГН на Унгарија!

506

Себастиан Фетел беше многу блиску да ја оствари првата победа во болидот на Астон Мартин во вчерашната трка на Хунгароринг, меѓутоа на крајот заврши како второпласиран.

Веднаш по завршувањето на трката својот болид Фетел го паркирал покрај стазата и не го одработи вообичаениот „поздравен круг“ после минувањето низ целта.

При прегледот на болидот востановено е дека во резерварот имало 0,3 литри гориво, а минималната количина која судиите морале да ја извлечат од болидот е 1 литар.

Германецот веднаш се нашол под истрага, а синоќа стигна и дисквалификација.

Тоа значи дека Хамилтон ќе биде втор, додека Сајнц на крајот заврши како трет.

ПретходноБензема потпишува нов договор со Реал
СледноОИ Токио: Грчко злато во скок во далечина, Камачо-Квин од Порторико најдобра на 100 метри со пречки