Бруно со насмевка: Ајде момци, одиме силно! (ФОТО)

653

Бруно Акраповиќ на само пет дена до стартот на новата сезона денеска го одработи првиот тренинг. Вчера беше промовиран во старо – нов стратег, а денеска со фудбалерите на Шкендија го одработи и првиот тренинг.

И веднаш со насмевка, иако на сите во Шкендија не им е до смеа, сепак харизматичниот Бруно знае што треба во овие моменти. Само позитивна атмосфера и се разбира напорна работа.

Веќе во недела Шкендија му гостува на Тиквеш, а Бруно денеска им порача на Бесарт, Алими, Захов, Дориев и останатите…

Ајде момци, одиме силно“.

ПретходноШкупи се вакцинираше во пресрет на новата сезона! (ФОТО)
СледноАнтиќ: Овие девојки ги краси упорност и желба!