Карстен Вархолм е победник во трката на 400 метри со пречки на ОИ во Токио. Тој на најубав начин, со светски рекорд го освои златото, пред Рај Бенџамин кој го освои второто најдобро време во светот.
Вархолм практично го подобри својот рекорд кој беше поставен пред само два месеци (1. јули) во Осло. Тогаш Вархолм истрча 46.70 по што го урна рекордот од 1992 година.
Меѓутоа само два месеци подоцна ја погокажа уште еднаш својата одлична форма и трчаше денеска за 45.94, што е за 76 стотинки подобар од претходниот.
Интересно е што Бенџамин денеска истрча подобро време од она на Вархолм од Осло годинава. Со бронзата се закити Бразилецот, Алисон дос Санто со рекорд на Јужна Америка.
I knew they were gonna have to beat the WR to win, but BOTH SHATTERED the WR!!! Karsten Warholm 45.94 and @_Kingben_ 46.17!!! Best race ever!!! #Tokyo2020 #Olympics 🇳🇴🇺🇸 400m H
Three of the four fastest times ever ran!! Dos Santos 🇧🇷 46.72!! 🔥🔥🔥🔥 OMG!! pic.twitter.com/t4LzZOMDcX— Tim Dennis (@TDennisSportTog) August 3, 2021