Кени го стигна Вигинс во категорија најодликувани Британци на Олимпијадите

63

Џејсон Кени го изедначи рекордот на сер Бредли Вигинс во најодликувани британски спортисти на Олимпијадите. Кени заедно со Вигинс имаат по осум медали од Олимпијадите што е најдобар британски скор. Сите се освоени во велосипедизам.

Кени денеска го освои сребрениот медал во тимски спринт завршувајќи со послабо време од холандскиот тим кој освои злато и постави олимписки рекорд од 41.369 секунди.

Кени сега има шест златни и два сребрени медали.

ПретходноИталијански репрезентативец на голот на Џенова
СледноАјнтрахт го продаде Амин Јунес, а ќе го купи Хауге од Милан