Кристијано Роналдо е првиот добитник на наградата или признанието под името „Паоло Роси“. Наградата за најдобар стрелец во Серија А, сега ќе го носи името на легендарниот напаѓач на Јувентус и репрезентацијата на Италија, иконата на фудбалот на “Чизмата“, Паоло Роси. Познато е дека Роси пред неколку месеци почина, па така во негова чест одлучено е да доделува наградата со неговото име.
Со оглед на тоа Португалецот како член на Јувентус во минатата сезона со 29 голови беше прв стрелец во Серија А, тој прв го прими ова признание.