Со голот на Марко Асенсио постигнат во 115. минута од мечот, репрезентацијата на Шпанија обезбеди пласман во финалето од фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Токио откако го совлада домаќинот на овие игри, репрезентацијата на Јапонија со минимални 0:1
„Фуријата“ се изнамачи на овој меч за да дојде до посакуваната цел, а мотивираниот домаќин не се даде лесно. Напротив, веќе сите се подготуваа за пеналите, кога Асенсио успеа да го одведе реално фаворитот во големото финале.
Таму Шпанија ќе се сретне со репрезентацијата на Бразил која исто така денеска со многу мака и по подобро изведување на пеналите триумфираше над Мексико.