Бразил преку пенали до финалето на олимпискиот фудбалски турнир

630

Фудбалската репрезентација на Бразил сигурно ќе стигне до медалите на Олимписките игри во Токио, но останува прашањето дали златни или сребрени.

Бразилците трет пат по ред се пласираа во финалето на фудбалскиот турнир на ЛОИ откако го елиминираа Мексико во полуфиналето и тоа по подобро изведување на пенали.

Немаше погодоци во регуларните 90 минути ниту во продолженијата, па се прејде кон изведување на пенали. Мексиканците промашија во првите две серии, а Бразилците преку Дани Алвес и Мартинели ја погодија мрежата. Во следната серија Мексиканците погодија преку Родригез, но и Бразилците беа непогрешливи преку Гимараеш и Реиние.

Конечни 1:4 во пенал серијата за Бразил.

Бразил во финалето ќе игра со подобриот од мечот Јапонија-Шпанија. Мексико ќе игра за бронзата со поразениот од Јапонија-Шпанија.

ПретходноБајиќ: Задоволен сум од играта на момците, особено во првото полувреме
СледноФаланга, Комити, Лозари и други навивачки групи гасеа пожар во Кочани