Атлетичарката од Полска, Анита Влодарчук ја продолжи и на оваа олимпијада својата доминација во дисциплината фрлање кладиво.
Таа ја освои третата по ред олимписка титула откако предмалку успеа во финалето да фрли 78.48 со што стана првата жена која освоила три златни медали во иста дисциплина на Олимписките игри по ред.
Претставничката од Кина Ванг Зенг го освои среброто, додека пак Малвина Копрон исто така од Полска е трета.