САД е вториот полуфиналист на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Токио, откако ја совладаа Шпанија со 95:81.
Американците имаа проблеми во првите две четвртини, меѓутоа се чини клучна беше пследната четвртина која САД ја добија со дури 12 разлика, за пласман во следната фаза.
Во првата четвртина Шпанија водеше, а добро се носеше и во втората. На полувреме се замина со 2егал“, меѓутоа во третиот период САД дојде до предност од шест разлика која константно ја зголемуваше и во послендиот период за на крајот победа од 16 разлика.
Кај Шпанците не помогнаа ниту 38 поени на Рики Рубио кој беше најефикасен, а Дјурент кај победничкиот тим со 29 поени беше најдобар.
Претходно учество во полуфиналето обезбеди и Словенија која ја совлада Германија.