Италијански репрезентативец на голот на Џенова

208

Џенова има нов чувар на мрежата откако успеа да го договори репрезентативецот и европски шампион Салваторе Сиригу. 34-годишниот фудбалер потпиша договор за една сезона со можност да биде продолжен на уште една.

Сиригу почна во Палермо, а во 2011 година премина во Пари Сен Жермен каде што остана се до 2017 година со две позајмици, прво една сезона во Севиља, а потоа полусезона во Осасуна. Потоа отиде во Торино, а од таму во Џенова.

За Италија има 27 настапи.

Џенова досега ги донесе 21-годишниот бек Зињо Ванхусден од Интер, десниот бек Стефано Сабели од Емполи, напаѓачот Александар Букса од Висла, но и голманот Алберто Палеари од Читадела.

ПретходноМихамбо на светската титула придодаде и олимписко злато во скок во далечина
СледноКени го стигна Вигинс во категорија најодликувани Британци на Олимпијадите