Бразилскиот играч за врска Фабињо го продолжи договорот со Ливерпул, објави клубот на официјалната веб-страница. Времетраењето на новиот договор ќе биде до 2026 година.
„Мило ми е што потпишав нов договор со клубот. Од самиот почеток на преговорите, бев позитивно расположен, бидејќи навистина сакав да останам во Ливерпул. Сега сум среќен. Во текот на изминатите три сезони, доживеав многу позитивни емоции. Научив многу од тренерите, играчите и персоналот на клубот“, рече Фабињо.
Фабињо се приклучи во Ливерпул од Монако во 2018 година.
𝗙𝗔𝗕 news… 😁@_fabinhotavares has signed a new long-term contract with the Reds 🙌
— Liverpool FC (@LFC) August 3, 2021