ЛОИ ракомет 1/4 финале: Драма со среќен крај за Шпанија, Франција лесно со Бахраин

195

Франција и Шпанија се првите два полуфиналисти на олимпискиот турнир во ракомет, откако денеска ги совладаа своите противници Бахраин, односно Шведска.

За Франција немаше дилеми дека е фаворит со Бахраин, и ја оправда таа улога со убедливата победа од 42:28.

Крајно неизвесно и драматично беше во второто четвртфинале во кое Шпанија на крајот со само еден разлика славеше над Шведска.

Швеѓаните имаа предност во првиот дел од два гола, која не само што ја одржуваа, туку и ја зголемија на плус четири и во вториот дел.

Пресвртот сес случи во финишот кога Шпанија дојде најпрво до израмнување, а потоа со три гола и до предност, која на крајот беше недостижна за Шведска. Ване кај Шцедска постигна 10 гола, додека Гомез кај Шпанија беше стрелец на 7.

Претходно„Дрим-тимот“ покажа сила – ја совлада Шпанија и се пласираше во полуфинале
СледноАталанта замената за Ромеро ја најде во Јувентус