ЛШ квалификации: Спарта-Монако во центарот на вниманието

124

Денеска се играат првите натпревари од 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите. На програмата се седум натпревари, утре се уште три. Од денешните дуели во центарот на вниманието е пресметката во Прага помеѓу Спарта и Монако. Чешкиот вицепрвак во претходното коло ја елиминира Рапид Виена благодарение на триумфот со 2:0 на домашен терен иако во Виена изгуби со 2:1. А викендов челичната Спарта триумфираше над Слован Либерец со 5:0 што значи дека со голема доза на самодоверба оди на овој дуел.

Монако играше пријателски до сега, па се приклучува на квалификациите што значи дека ова ќе биде нивен прв официјален натпревар.

Спарта и Монако досега никогаш не се сретнале меѓу себе. Што се однесува до играчкиот кадар, Спарта ќе нема да смета на услугите на норвешкиот интернационалец и лев бек Каспер Нилсен поради повреда. А тренерот на Монако, Нико Ковач ќе ги нема на располагање голманот Бенжамин Лакомт, централниот бек Жан Марселин и белгискиот играч за врска Адриен Бонџовани.

ЛШ 3.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО
ВТОРНИК (03.08.2021)
МАЛМЕ – РЕНЏЕРС         19:00 ч.
СПАРТА – МОНАКО        19:00 ч.
КЛУЖ – ЈАНГ БОЈС           20:00 ч.
ГЕНК – ШАХТЈОР              20:00 ч.
ПСВ – МИТЈИЛАНД         20:00 ч.
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ШЕРИФ          21:00 ч.
ОЛИМПИЈАКОС – ЛУДОГОРЕЦ 21:00 ч.
СРЕДА (04.08.2021)
СПАРТАК М. – БЕНФИКА              19:00 ч.
ДИНАМО З. – ЛЕГИЈА    20:00 ч.
ФЕРЕНЦВАРОШ – СЛАВИЈА ПРАГА         20:00 ч.

 

ПретходноМеталург замина во Маврово каде ќе ја одработува втората фаза од подготовките (фотогалерија)
СледноАрнаутовиќ официјално две години во Болоња