ЛШ: Монако доминираше во Прага, Ренџерс со гол надеж во Малме (ВИДЕО)

172

Фудбалерите на Монако обезбедија одлична предност од по 2:0 по првиот меч од 3. квалификациско коло во ЛШ. Вечерва на гостувањето во Прага, тимот од „кнежеството“ обезбеди голема предност со која е на пат да се најде во плеј-оф колото пред групната фаза.

Водечкиот гол за Французите беше дело на Чуамени во 37. Минута, додека конечните 2:0 беа дело на Фоланд во 59. Минута.

 

Малме со 2:1 славеше на првиот дуел од ова квалифиакциско коло против шкотскиот првак Ренџерс. Домашните за само 3 минути обезбедија предност од 2:0 со головите на Риекс (47’) и Бирманчевиќ (49’), но упорните гости успеаја да намалат во самата завршница на мечот со голот на Дејвис.

 

ПретходноСкомина оди во судиска пензија, но ќе стане директор на фудбалски клуб
СледноТабела на медали по 11 ден на ЛОИ: Кинезите дојдоа до 32 златни одличја