Михамбо на светската титула придодаде и олимписко злато во скок во далечина

146

Германката Малаика Михамбо го освои златниот медал во скок во далечина на ЛОИ во Токио. Актуелната светска шампионка во оваа дисциплина, триумфираше на ЛОИ со најдобриот скок оваа сезона од 7 метри кој го постигна во последниот, шести обид.

Така таа ја елиминира 34-годишната Бритни Рајс од САД која атакуваше на втората олимписка титула после Лондон 2012. Четирикратната светска шампионка Рајс заврши со должина 6.97 метри што беше доволно за второ место и сребрен медал исто како и пред пет години на Игрите во Рио.

Шампионката од Африканските игри Езе Бруме од Нигерија е трета со скок од 6.97 метри, но ја освои бронзата поради послаб втор обид од 6.90 наспроти 6.95 на Рајс.

Ивана Шпановиќ од Србија беше четврта со 6.91 метри и не успеа да се пробие до уште еден олимписки медал по бронзата во Рио 2016.

 

ПретходноВасилев пред „Челенџерот“: Да се прикажеме во добро светло
СледноИталијански репрезентативец на голот на Џенова