Најавите на Спортмедиа се потврдија. Од денеска Марјан Алтипармаковски е ново засилување во нападот на Брегалница. Ова е уште едно ново, квалитетно засилување за во тимот на стратегот Марјан Секуловски.
Не треба да се трошат зборови за битолчанецот кој во наредната сезона ќе биде еден од клучните играчи на штипските “сини“. Довчерашен играч на Струга Трим Лум, претходно на Работнички, Пелистер, играч со богата интернационална кариера.
“Брегалница продолжува со ангажман на докажани македонски прволигашки имиња, како засилувања во нашиот тим. Тие се надополнување на младоста во екипата на која и се посветува големо внимание“ изјави спортскиот директор на ФК Брегалница, Никола Тонев на промоцијата на Алтипармаковски.