Скомина оди во судиска пензија, но ќе стане директор на фудбалски клуб

558

Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Дамир Скомина оди во пензија. Според локалните медиуми, тој е принуден да се повлече од активното судење поради повреда на коленото.

Скомина нема да остане надвор од фудбалот долго време, затоа што наскоро седнува на директорското место во словенечкиот третолигаш Изола.

Во текот на кариерата, Словенецот судеше на Светското првенство во Русија и на Европските првенства и Олимписките игри, како и на финалето во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Тој беше судија на натпреварот во кој Барселона го забележа најубедливиот пораз во историјата, кога беше поразена од Баерн со 8:2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

ПретходноЛиверпул ја продолжи соработката со Фабињо
СледноЛШ: Монако доминираше во Прага, Ренџерс со гол надеж во Малме (ВИДЕО)