По 11-тиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Токио, Кина е на врвот на листата според бројот на освоени медали. Кинеските натпреварувачи освоија нови три златни медали денеска и останаа на врвот на листата со 32 најсјајни одличја. Покрај нив имаат уште 21 сребро и 16 бронзи.
На второ место се САД со 24 златни медали од вкупно 73. Следуваат Јапонија со 19 златни и вкупно 36 медали, Австралија која освои 14 злата, Олимпискиот комитет на Русија и Велика Британија со по 13.