Навивачките групи „Фаланга“, „Комити“, „Лозари“, „Чкембари“ и други синоќа пристигнаа во Кочани и помагаа во гаснењето на пожарот кој се појави во близината на овој град. Tие им се приклучија на жителите на Кочани кои сами се организираа и заминаа да го гаснат пожарот за да не го зафати нивниот град.
„ Комитска предходница е веќе пристигната на терен во Кочани !
Сите кои можат и сакаат да се солидаризираат, да ја олеснат маката на нашите браќа и сестри, нека го сторат тоа, секоја помош е добредојдена. Да помогнеме кога помошта е повеќе од итна и неопходна ! Да не дозволиме огнената стихија да го зафати градот…“ е коментарот на навивачката група на Вардар.